На гробот на Делчев останаа само полицајци и новинари, делегација и граѓани од Бугарија се очекуваат напладне

Заврши чествувањето на 151-година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје, откако македонската делегација си замина по положувањето на цвеќе на гробот.

Официјалните бугарски делегации и пријавените бугарски граѓани ќе стигнат во црквата околу 12 часот.

Чествувањето почна и без лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој заедно со делегација од ВМРО – ДПМНЕ допрва треба да пристигне.

фото: Андреја Салпе

Зачлени се на нашиот е-билтен