Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На кејот на Вардар во Скопје графит со боите на бугарското знаме и натпис „Бугарите во Уставот“

Кејот на реката Вардар во Скопје осамна со обоено бугарско знаме и натпис „Бугарите во Уставот“, пренесува денеска БГНЕС. Графитот се наоѓа во близина на централниот плоштад на македонскиот главен град, а месеци претходно на истото место се појави и натписот „Бугарите во Уставот е предавство“.

БГНЕС потсетува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија е клучен услов за продолжување на преговорите за членство на земјата во Европската унија. Владата на Христијан Мицкоски во неколку наврати изјави дека не планира да ги спроведе потребните уставни измени, а истовремено ја обвинува Бугарија дека го блокира приемот на РСМ во ЕУ, пишува БГНЕС.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пишува агенцијата, при посетата на Северна Македонија изјави дека е можен почеток на преговорите за членство, но откако земјата ќе ги исполни преземените обврски.

Зачлени се на нашиот е-билтен