Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На кои фирми и банки, Мицкоски ќе им го намали данокот?

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, најави намалување на даноците за најбогатите компании во државата.

Прво намалување премиерот Мицкоски најави на данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра.

Во изминатата година, само пет фирми имале добивка поголема од 50 милиони евра – Џонсон Мети, трите најголеми банки – Комерцијална, Стопанска и НЛБ Тутунска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.

Мицкоски смета дека со намалувањето ќе почнат да влегуваат повеќе пари по таа основа во буџетот.

„Прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега. Сите мултинационални компании коишто планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас и таа добивка изнесува над 50 милиони евра, ќе добијат, би рекол, субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. Ако сега е фиксно до 10 проценти, во овој случај ќе биде до 5 проценти. Затоа ги повикувам сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот тука“, изјави Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен