На локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, за новата локална власт регистран е рекорден број на кандидати за членови на општинските совети и за градоначалнци.
Во трката за 3.283 советнички места во трка се околу 24 илјади кандидати, додека за 61 градоначалничко место 141 кандидат. Ова е следното изненадување кое доаѓа од политиката за локалните избори на 14 мај, каде што накратко, половина од граѓаните на Албанија се во трка за работно место, покрај тоа што се гласачи, констатира БИРН во анализата.
БИРН во анализата додава дека ако се земе предвид дека дел од населението се иселило и дека во моментов се верува дека само половина од гласачите се во татковината, тогаш може да се каже дека повеќе од еден од 100 гласачи е кандидат за локална функција.
Другиот проблем, според истиот извор, е појавата на семеен непотизам која и овој пат не е елиминирана, бидејќи партиските списоци се пополнуваат со членови на семејството на локален лидер на партија.
-Според податоците на Централната изборна комисија 40-те конкурентски партии на своите листи наведоа 23.791 кандидати за советници, што значи дека околу 0,65 отсто од гласачите на листите се и самите кандидати. Но, ако се земе предвид дека дел од населението емигрирало и дека во моментов се верува дека само половина од гласачите се во Албанија, тогаш можеме да кажеме дека повеќе од еден од 100 гласачи е кандидат, анализира БИРН.
Местото со најголем број кандидати по гласачи, според податоците што ги анализира БИРН, е малата општина Келсура во областа Ѓирокастро. На изборите на 14 мај во оваа општина има 357 кандидати за 15-члениот општински совет и тројца кандидати за градоначалник. Општината брои 9.308 гласачи и затоа на секои 27 гласачи има по еден кандидат. Најголем број кандидати има за советот на градот Тирана, 1.057 кандидати, а гласачкото тело брои околу 700 илјади.
Во трката за градоначалничката фотелја во сите 61 општина кандидати имаат Социјалистичката партија, на Еди Рама, поддржани од други партии и изборната коалиција „Заедно победуваме“ која ја предводи Партијата на слободата на Илир Метаа во која се и демократте на Сали Бериша. Демократската партија на Енкелеј Алибеај свои кандидати има во 14 општини, а независни кандидати има само во две општини Саранда и Девол.
Во 45 општини ќе се натпреваруваат двајца кандидати, во 14 општини ќе има тројца, во Саранда четири, додека во Тирана на гласачкото ливче има шест кандидати