Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На пат е да се формира автомобилски гигант, Хонда, Нисан и Мицубиши преговараат

Јапонските производители на автомобили Нисан и Хонда денеска потврдија дека ја разгледуваат можноста за блиска соработка, но негираа дека овие преговори вклучуваат спојување во една компанија.

Претходно денеска неименувани извори на медиумите им пренесоа непотврдена вест за спојување на три големи јапонски компании (Нисан, Хонда и Мицубиши), по што акциите на Нисан на берзата во Токио пораснаа во вредност за 22 отсто, додека на Хонда се намалија за три отсто.

Тргувањето со акциите на „Нисан“ беше привремено прекинато поради можност за шпекулативен бизнис, но продолжи по заедничката најава на трите фабрики дека размислуваат за различни форми на идна соработка, но дека не се донесени никакви одлуки.

Споменатите производители уште во август најавија дека заедно ќе работат на софтвер за автономно возење и компоненти за електрични возила, па беше склучен договор за ваква соработка.

Доколку трите компании се спојат, ќе се формира автомобилски гигант вреден повеќе од 55 милијарди долари, со потенцијал да биде меѓу трите најголеми во светот, заедно со Тојота и Фолксваген.

Хонда и Нисан моментално се борат да го задржат високото место во автомобилската индустрија, но подемот на кинеските производители не им помага. Евидентен е падот на профитот, се најавуваа отпуштања и преструктуирање, па газдата на Нисан дури и демонстративно му ја преполови платата, за да покаже дека е потребно да се заштеди.

Хонда лани произведе 4,2 милиони возила, Нисан 3,4 милиони, а Мицубиши 1 милион. Јапонскиот лидер Тојота ги надмина на севкупно ниво со 11,5 милиони произведени автомобили во 2023 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен