Луксузните хотели низ целиот свет вработуваат мистериозни гости да ја поминат ноќта и да го оценуваат секој детаљ – од удобноста на креветот до љубезноста на персоналот. За една ноќ „работа“ тие добиваат од 100 до 300 долари, со бесплатен сместување и оброци.
Платформи како RentAFriend и јапонскиот LovePlus нудат услуга „пријател под кирија“. Некој ќе ви испрати пораки, видео разговор или дури ќе „присуствува“ на настани преку интернет. Најпопуларните заработуваат над 2.000 долари месечно.
На американските голф терени постои скриена индустрија, нуркачи кои ги вадат изгубените топчиња од езера и потоци. Исчистените топчиња се повторно во продажба, а најпознатиот од нив, Глен Бергер од Флорида, тврди дека извадил дури 1,3 милиони топчиња.
Иако не е гламурозна, оваа работа е стабилна и добро платена. Компании како Aftermath Services плаќаат од 25 до 40 долари на час за чистење по злосторство или преполни домови.
Пред храната за кучиња или мачки да стигне во продавниците, таа мора да помине тест за квалитет. Да, има луѓе кои ја пробуваат, го оценуваат вкусот и текстурата, но не мора да ја голтаат таа храна. Заработката достигнува до 40.000 долари годишно.
Козметичките компании вработуваат луѓе да ја почувствуваат кожата на волонтерите и да пријават промени по употребата на производот. За оваа необична работа, можете да добиете до 50 долари на час, пишува Bizlife.
Оние кои го поминале детството редејќи коцки сега можат да заработуваат за живот од тоа. LEGO и LEGOLAND вработуваат сертифицирани професионалци за создавање џиновски скулптури, изложби и модели. Платата се движи од 37.000 до 50.000 долари годишно.