Израелската Служба за безбедност и полиција Шин Бет објави снимка од испрашување на шестмина милитанти на Хамас заробени за време на нападот врз Израел на 7 октомври.
На сите им биле дадени конкретни упатства да убиваат и киднапираат цивили, вклучително и постари лица, заедно со жени и деца, соопшти израелското разузнавање.
Еден од мажите им рекол на инспекторите дека им било кажано „кој ќе врати заложник (во Газа), добива 10.000 долари и стан“.