Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На пропалестинските активисти им е даден рок да го напуштат универзитетот во Берлин

На активистите кои од вчера попладне ги заземаат просториите на универзитетот во Берлин во знак на поддршка за Палестинците, ќе им биде дозволено да останат до денеска навечер јави ДПА.

Претседателката на универзитетот Јулија фон Блументал рече дека Универзитетот Хумболт се согласил со ова по синоќешните разговори со студентите.

Универзитетот ќе ја толерира окупацијата до 18:00 часот денеска по локално време, рече фон Блументал. „Очекуваме потоа тие мирно да ја напуштат зградата“, додаде таа.

Денеска попладне ќе биде организиран настан за дискусија, на кој ќе присуствуваат активистите, претседателскиот одбор и академици.

Околу 50 активисти вчера окупираа неколку простории во Институтот за општествени науки на Универзитетот Хумболт во знак на поддршка на Палестинците и во знак на протест против Израел, според проценка на полицијата и фотограф на ДПА.

На улицата надвор демонстрираа уште 250 до 300 млади луѓе.

Портпаролот на полицијата соопшти дека се во тесна консултација со универзитетот. Портпаролката на Универзитетот изјави дека ситуацијата се следи.

Во соопштението, групата Студентска коалиција Берлин го обвини Израел за „геноцид“ и „тековни масовни убиства“, велејќи дека протестот е за „безусловна солидарност со палестинскиот народ“.

Активистите го повикаа универзитетот да ја прифати нивната окупација и присуство и да забрани полициска операција.

Заедно со Слободниот универзитет (ФУ) и Техничкиот универзитет (ТУ), Универзитетот Хумболт е еден од трите главни универзитети во главниот град на Германија.

Окупацијата на соби во ФУ од страна на групата Студентска коалиција Берлин неодамна беше расчистена од полицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен