Организаторите на вечерашните протести во Белград, по повод несреќата во Нови Сад, најавија дека доколку не се исполнат барањата во рок од седум дена, ќе продолжат да се борат на улица и ќе бараат седница на српското Собрание за импичмент на Владата како единствена точка на дневен ред.
Претседателот на Националното движење на Србија Мирослав Алексиќ, копретседателот на Зелено-левичарскиот фронт Радомир Лазовиќ, копретседателот на партијата Еколошко востание Зајдно Александар Јовановиќ Ќута, еколошки активист на Здружението „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ, претседател на Демократската партија Зоран Лутовац, присуствуваа претседателот на партијата Српски центар Здравко Понош.
Пред Владата на Србија протестираа, потпретседателот на ПОКС Ненад Томашевиќ, членот на Движењето на слободни граѓани Арис Мовсесијан, претставникот на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ кој е и еден од организаторите, активист на Граѓанското движење Браво од Нови Сад Миран Погачар.
Насобраните носат знамиња на Европската унија и Србија, како и транспаренти на кои пишува „Нема среќа без слобода, нема слобода без правда“, „Оставка до сите“.
На протестот беше видено и знамето „Евромајдан“, што е термин што се користи за масовните демонстрации во Украина кои го означија почетокот на кризата во таа земја.
Опозицијата бара – оставки, апсење…
Како што претходно беше најавено, опозицијата бара оставки од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, како и објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад.