Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.
„Со тоа што го изгубивме кандидатскиот статус на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) имаме мораториум, а денеска со изгласување на оставките на Управниот одбор – сами ќе и ставиме мораториум. Со ова приморано, ќе ставиме катанец на Зоолошка, без орган на управување. Ако сакате мерка и ја нарекувате мораториум, треба да дадете рок. Вака, во преносна смисла е катанец на Зоолошка. Не можеме да одиме против актот на основање. Нема потреба од квалификации кој сака и не сака животни, тоа е лично. Зоолошка е бренд и овде беше кажано дека ќе слави 100 години, прва е на Балканот“, рече Јанчева.
Според неа, Советот има одговорност за состојбата во Зоолошка градина.
„Укажувавме дека имаме директори кои законски не смеат да бидат в.д. директори, не слушнав од членовите на Советот кој не се партиски определени – аргумент да нѐ поддржат дека вршителот на должност е противзаконски поставен, траеше тоа еден или два мандати“, додаде Јанчева.