Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона со „Лидија од Македонија“ на 16 септември

Со обновата на македонската опера „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски, на 16 септември почнува новата сезона во Националната опера и балет (НОБ).

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер е Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Оперската претстава „Лидија од Македонија” е во два дела и има библиска тема. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова од Франција, а препевот е на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново