Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Над 3.000 камиони чекаат на контролните пунктови на полската граница

 На границата меѓу Украина и Полска во ред чекаат повеќе од 3.000 камиони, изјави портпаролот на Државната гранична служба, Андриј Демченко.

„Според податоците на полските граничари, од утринава има 3.000 камиони во три правци кон Украина: Рава-Руска – 900, Кракивец – 640, Јаходин – 1.500“, изјави портпаролот, пренесува Укринформ.

Демченко појасни дека сообраќајот бил деблокиран на пунктот Шехини на 24 декември, а во ред се уште чекаат 700 камиони. На границата со Словачка, 560 камиони од утрото чекаат да преминат во Украина на контролниот пункт Ужхород. Од Унгарија 750 камиони чекаа да преминат во Украина на контролниот пункт Тиса. Од утрово 750 камиони од Романија чекаат да преминат во Украина на контролниот пункт Порубне.

Како што потсетува киевската агенција, на 6 ноември полските превозници почнаа да го блокираат сообраќајот на камиони во близина на трите најголеми контролни пунктови на границата со Украина: Корчова-Краковец, Гребене-Рава-Руска и Дорогуск-Јаходин. Меѓу главните барања е повторното воведување на лиценците за украинските превозници, кои беа укинати со договорот со Европската унија до 30 јуни 2024 година.

Полските возачи на камиони блокираа неколку премини со Украина од 6 ноември, барајќи од Европската унија повторно да го воспостави системот според кој, на украинските компании им се потребни дозволи за работа во европскиот блок, а истото важи и за европските возачи на камиони кои сакаат да влезат во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен