На пунктовите досега се вакцинирани 8.800 грашани, а на сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52 000 лица за вакцина од компликации од сезонски грип.
Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.
Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.