Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Над пет милиони избирачи досега предвремено гласаа за претседателските избори во САД

Повеќе од пет милиони Американци досега гласале лично или преку пошта откако во понеделникот започна предвременото гласање за претседателските избори во САД, јавуваат дел од американските медиуми.

Одзивот на предвременото гласање за претседателските избори во Џорџија е рекордно висок, велат претставници на избирачките органи од оваа сојузна државаи. Покрај Џорџија, предвремено гласање започна и во Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина и Ајова.

Во решавачките држави вчера се формираа долги редици од избирачи пред гласачките места. Во Џорџија на пример досега гласале над 300.000 гласачи.

Во меѓувреме, претседателските кандидати Доналд Трамп и Камала Харис активно продолжуваат со митинзи и настапи. Демократката и потпретседателка Харис настапи со популарниот радио водител Шарламен де Год каде го искритикува апелот на Трамп кон црномурестите гласачи ја потврди констатацијата на водителот дека тој шири фашизам, иако тоа не беше нејзината намера. Таа исто така изјави дека се залага САД да исплатат репарации за ропството.

Во настап организиран од Блумберг, Трамп синоќа беше прашан дали зборувал со рускиот претседател Владимир Путин откако ја напушти функцијата во 2021 година. Тој изјави дека нема да коментира, но дека ако навистина говорел „тоа е паметна работа“. 

Претходно на митинг во Џорџија кога беше прашан за неговиот коментар за „Фокс њуз“ даден во неделата во кој говореше за „непријателот одвнатре“, тој го удвои нападот нарекувајќи ги демократите „зло“ и „опасност“.

– Тие се марксисти и комунисти и фашисти и болни. Ги имаме Кина, ја имаме Русија (како надворешни противници)… Но потешки се знает, сите тие Пелоси, тие луѓе. Тие се болни и толку се зли, изјави Трамп. 

Тој претходно повика на прогон со војска против некои демократи како поранешната спикерка на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси и Адам Шиф, демократски конгресмен од Калифорнија. 

Од Вашингтон за Рацин.мк Борис Камчев

Зачлени се на нашиот е-билтен