Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Надеждин би можел да биде дисквалификуван од трката за претседател на Русија

 Рускиот претседателски кандидат Борис Надеждин денеска изјави дека работната група на Централната изборна комисија утврдила дека 15 отсто од потписите на граѓаните кои ја поддржале неговата кандидатура се неважечки.

Таа бројка, доколку се потврди, е три пати поголема од дозволената стапка на грешка и може да биде основа за негово дисквалификација.

Комисијата задутре ќе донесе конечна одлука за ова прашање, рече неговиот портпарол.

Надеждин на Телеграм објави дека ќе се жали до Врховниот суд доколку комисијата не сака да го регистрира.

Тој минатата недела изјави дека до Централната изборна комисија ги доставил 150.000 потписи што му се потребни за да влезе во трката за претседател и да се спротивстави на актуелниот шеф на државата Владимир Путин.

Претседателските избори ќе се одржат на 17 март. 

Најново