Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Надминување на стигмата поврзана со менталното здравје со „Walk and Talk“ настани во Струмица и Валандово

Овој петок во Струмица и Валандово млади лица на возраст од 15 до 25 години ќе пешачат по однапред зацртана маршрута, со три точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.

„Walk and Talk“ настаните ставаат фокус на подигнување на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација.

Целта е да се охрабрат младите луѓе отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.

Walk&Talk мапата за Струмица е достапна на следниот линк: https://t.ly/wh49O
Walk&Talk мапата за Валандово е достапна на следниот линк: https://t.ly/7LQni

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Вакви настани ќе се организираат во 16 општини и во градот Скопје.

Најново