Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нафтата убива! Климатски активисти блокираа два аеродроми во Германија

Eколошките активисти од „Последната генерација“ протестираа на неколку германски аеродроми. Полетувањата и слетувањата на авионите беа прекинати на аеродромот Келн-Бон. Нирнберг и БЕР исто така беа погодени.

Според организацијата, по двајца активисти облечени во портокалови елеци со висока видливост влегле на аеродромите Берлин-Бранденбург, Штутгарт, Нирнберг и Келн-Бон. Фотографите од новинската агенција ДПА на лице место ги потврдија настаните.

Активистите „мирно го изразиле својот отпор со прикажување на транспаренти на кои пишуваше „Нафтата убива“ и „Потпишете го договорот“, соопшти организацијата: „Тие не влегоа на пистите”.

Во Нирнберг двајца активисти упаднале на пистата на аеродромот, соопшти полицијата. Новинар на ДПА на лице место пријавил дупка во оградата во јужниот дел на пистата.

Работата на аеродромот во Нирнберг беше во прекин околу еден час. Првично беше кажано дека летовите се суспендирани до понатамошно известување. По околу еден час, летовите можеа да продолжат: првиот авион полета во 7:10 часот, изјави портпаролот на аеродромот.

Според портпаролот на аеродромот, прекинати биле и летовите на аеродромот Келн-Бон. Портпаролот на сојузната полиција изјави дека две лица се залепиле на асфалтот на приод до пистата и тие утрово се отстранети. Според портпаролот, се врши потрага и по трето лице. Откриена е дупка во ограда на локацијата на аеродромот. Авионите во меѓувреме повторно слетуваат и полетуваат.

Според новинската агенција ДПА, имало и дупка во оградата на аеродромот Бранденбург во Берлин. Полицијата ево акција, а хеликоптер кружи над областа. Воздушниот сообраќај бил привремено прекинат, но според Сојузната полиција тој бил обновени нешто пред 7 часот утрово. Од аеродромот засега нема информации.

Според сојузната полиција, во Штутгарт двајца активисти се залепиле на пристапниот пат до пистата. Портпаролот нагласи дека воздушниот сообраќај нема да биде засегнат.

„Последна генерација” ја повикува германската влада да се заложи за постепено укинување на употребата на фосилни горива најдоцна до 2030 година.

Неодамна имаше повеќекратни климатски протести од овој вид на германските аеродроми, вклучително и на аеродромот во Дортмунд, во Лајпциг/Хале и на аеродромот во Франкфурт на Мајна.

Најново