Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку седум војници убиени во бомбашки напад во северозападен Пакистан

Бомбаши-самоубијци со автомобил полн со експлозив денеска удриле во пакистански воен контролен пункт, убивајќи најмалку седум војници, соопштија властите во Пакистан.

Нападот се случил во северозападниот пакистански регион Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан, кој долго време служеше како штаб на исламистичките милитанти поврзани со Ал Каеда и нивните сојузници Талибанците, пренесува ДПА.

Во оружената пресметка што следела по бомбашкиот напад, убиени се најмалку шест напаѓачи 

Пакистанаската армија соопшти дека бомбаш самоубиец прво се разнел на влезот на контролниот пункт пред друг да удри во капијата со автомобил.

Досега ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот.

Северозападниот регион на Пакистан што ја дели границата со Авганистан бележи постојан пораст на насилството предизвикано од милитантите откако авганистанските талибанци го презедоа Авганистан во 2021 година.

Повеќе од 80.000 Пакистанци се убиени во бомбашки напади извршени од исламистички милитанти, од нападите во САД на 11 септември во 2001 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен