Кијосаки им советуваше на инвеститорите да размислат за инвестирање во злато, сребро, биткоин и етереум, но ги издвои среброто и етереумот како моментално најдобри опции
Познатиот американски инвеститор и автор на бестселерот „Богат татко, сиромашен татко“ Роберт Кијосаки повторно ја разбранува финансиската јавност со објава на социјалната мрежа X, тврдејќи дека најголемиот економски крах во историјата на светот ќе ги погоди пазарите оваа година.
„Пензиите на генерацијата „бејби бум“ ќе бидат збришани, многумина ќе станат бездомници или ќе живеат во подрумите на своите деца. Тажно“, – напиша Кијосаки во порака што предизвика големо внимание кај неговите следбеници.

„Инфлацијата ги претвора парите во ништо“
Авторот на култната книга „Пророштвото на богатиот татко“ го повтори своето претходно предупредување дека не треба да се штеди во „печатени средства“, туку да се инвестира во реални средства.
„Со години велам — штедењето во готово е патот до загуба. Инфлацијата ги претвора парите на штедачите во ѓубре“, истакна тој.
„Среброто и Етереумот во моментов се потценети“
Кијосаки им советуваше на инвеститорите да размислат за инвестирање во злато, сребро, биткоин и етереум, но ги издвои среброто и етереумот како моментално најповолни опции.
„Верувам дека среброто и етереумот се најдобри затоа што тие не се само чувари на вредност, туку имаат и индустриска примена – а нивните цени сега се ниски“, напиша тој.

„Инвестирајте со своја глава“
Кијосаки рече дека секој треба да ги истражи предностите и недостатоците на различните инвестиции, да ги слуша и критичарите и поддржувачите и да донесе одлука врз основа на лична финансиска мудрост.
„Така се зголемува финансиската интелигенција и се станува побогат“, заклучи авторот.