Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 10 ракети се истрелани од Либан кон северен Израел, соопшти израелската армија

Најмалку 10 ракети се истрелани денеска од Либан кон северен Израел, соопшти израелската армија.

Девет ракети биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана, се наведува во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Израелската војска, која го обвини Хезболах за нападот, соопшти дека нејзините војници со артилерија ги гранатираат местата за лансирање.

Сирените за воздушна опасност се огласија претходно во неколку населени места во близина на границата со Либан.

Зачлени се на нашиот е-билтен