Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 12 уапсени на протестите на земјоделците во Варшава

Најмалку дванаесет лица беа уапсени денеска во Варшава, додека некои земјоделци кои протестираа се обидоа да ги пробијат бариерите пред зградата на парламентот и да влезат во теренот, соопшти полицијата.

Полицајците го спречија тоа, соопшти полицијата на X, при што се повредени неколку полицајци.

Телевизијата ТВН24 прикажа снимка на која демонстрантите фрлаат бекатонски плочки и пиротехника кон полицијата. Полицајците одговорија со солзавец и водени топови.

Полицајците ја запечатија зградата на парламентот и побараа од толпата да се разиде.

Неколку илјади земјоделци претпладнево маршираа до пред зградата на Владата во Варшава. Овој пат им се придружија не само ловџиите и пчеларите, туку и поддржувачите на десничарскиот политички спектар, пренесува ДПА. 

Зачлени се на нашиот е-билтен