Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 128 загинати и десетици повредени во Непал по земјотрес од 6,4 степени по Рихтер

– Најмалку 128 луѓе загинаа, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот урнати се куќи во областа Јајаркот и бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км.

– Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар.

Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду.

Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду. 

Зачлени се на нашиот е-билтен