Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 18 жртви во експлозија во кинеска фабрика во Индонезија

Најмалку 18 луѓе загинаа во експлозијата на висока печка во фабрика за преработка на никел во кинеска сопственост на индонезискиот остров Сулавеси.

Локалната полиција нареди фабриката да биде затворена до завршување на истрагата.

Експлозијата се случила во неделата, а претходно беше соопштено дека загинале најмалку 13 работници.

Четворица кинески и девет индонезиски работници загинале на лице место кога експлодирала печка додека ја поправале, соопшти локалната полиција.

Другите работници починале во болница, изјави портпаролот на компанијата за не’рѓосувачки челик ПТ Индонезија Цигшан, Деди Курнијаван.

Тој рече дека во болница се уште има 41 повреден, меѓу кои и 11 кинески државјани. Тројца тешко повредени ќе бидат префрлени во Кина на понатамошно лекување.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изрази сочувство, додавајќи дека министерството тесно соработува со властите во Индонезија и оти кинеската амбасада во Џакарта добила инструкции да помогне во последиците, вклучително и обезбедување медицинска помош за повредените и помагање да се утврди причината за експлозијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен