– Во судир на воз и автобус во Словачка загинаа најмалку пет лица, а повредени се петмина.
Несреќата се случила во градот Нове Замки, јужна Словачка. Возот сообраќал Прага – Будимпешта.
Во возот имало повеќе од сто луѓе. Автобусот е тешко оштетен при судирот.
Патниците од возот со автобуси се пренесени до местото Штурово, на границата со Унгарија.
Главната железничка пруга што ги поврзува Братислава со Будимпешта е затворена за сообраќај.