Најмалку шест лица загинаа во руски напад врз Киев и околните области, соопштија утринава украинските официјални лица, пренесе ДПА.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на Телеграм дека жртвите се станари на станбена зграда.
Низ главниот украински град има 19 повредени лица, а осум во моментов се на болничко лекување, додаде Кличко, истакнувајќи дека спасувачките напори се во тек, пренесува германската агенција.
Министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, изјави на Телеграм дека во нападот биле употребени ракети и беспилотни летала