Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку тројца цивили загинаа во израелски напад во Либан

 Двојка и нивниот син беа убиени денеска во израелски напад врз зграда во градот Хула во јужен Либан на границата со Израел, јави официјалната либанска агенција АНИ.

Како што наведува агенцијата, тројца цивили, брачна двојка и нивниот 25-годишен син, биле убиени „во непријателски напад“ на трикатница во Хула.

Расчистувањето на урнатините се уште е во тек.

Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас, либански Хезболах речиси секојдневно ги гаѓа израелските воени позиции на границата како поддршка на својот палестински сојузник.

Зачлени се на нашиот е-билтен