Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Намален откупот на земјоделски производи за 14,4 отсто

Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од 2024 година се намалиле откупот и продажбата на земјоделски производи во земјава.

Според податоците на стаистика откупот и продажбата се намалиле за 14,4 отсто. Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19,5 отсто, додека продажбата на земјоделските производи од сопствено производство е намалена за 8,2 отсто.

Статистика исто така соопшти дека намалена е и вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи кај млечните производи, додека зголемување се забележува кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи.

Зачлени се на нашиот е-билтен