„За една година власт ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. Инфлацијата е 4,8% основните трошоци се зголемени за 4.300 денари. Цените во Македонија достигнаа 60% од европскиот просек, додека платите остануваат далеку под нивото, само 35% од европскиот просек, вели Јовица Јанковиќ од СДСМ.
Од СДСМ велат дека со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните секојдневно осиромашуваат.
„Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче. Очигледно Бојан Стојаноски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува. За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада. А Бојан Стојаноски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание“, порача Јанковиќ.
Тој додава дека најдобро е за почеток да ги поддржи предлозите на СДСМ за:
-зголемување на минималната плата на 500 евра,
-укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи,
-континуирано покачување на платите во сите сектори.
На Стојаноски му препорача да ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго.
На крајот Јанковиќ праша дали Бојан Стојаноски ‘ќе го направи ова и зошто не?’