Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наместо од Хитлер, во српски учебник фотографија од Чарли Чаплин


Во последниве години, родителите во Србија често се изненадени кога ќе најдат одредени нелогичности во училишните учебници на нивните деца или пропусти од издавачките куќи. Најновиот настан, најблаго кажано, шокираше некои мајки и татковци, но и нивните деца (се разбира, оние кои забележале што не е во ред во книгата), пишува Нова.рс.

Имено, во учебникот по историја за осмо одделение на издавачката куќа „Бигз школство д.о.о“ на страници 28-29 стои лекција наречена „Европа, светот и српскиот народ во југословенската држава во периодот меѓу двете светски војни“. Но во книгата по историја наместо Хитлер кој се спомнува во лекцијата завршила фотографија од Чарли Чаплин. Всушност, учебникот илустрирал сцена од филмот „Големиот диктатор“, во кој Чаплин го толкува ликот на Адолф Хитлер.

Родителите кои забележале дека фотографијата на германскиот диктатор е заменета со слика на Чарли Чаплин, биле шокирани и збунети зошто е тоа така.

„Ова е скандалозно! Образованието е веќе доволно расипано. Навистина ми е нереално издавачката куќа, односно Министерството за образование, кое го одобри овој учебник, прифати да се користи ликот на Чарли Чаплин наместо Хитлер. Па чекај, не се децата глупави. Можеби некои од нив не ги интересира историјата, но нема шанси да не знаат кој бил Хитлер. Можам само да заклучам дека на овој начин ги прават луди“, изјави за Нова.рс огорчен родител.

Уредниците на порталот Нова рс. контактирале со овој издавач со цел да објаснат зошто се заменети споменатите ликови, како и дали тоа било намерно направено или „го пропуштиле“. Од „Бигз“ истакнале дека прашањето не било за нив, туку за Институтот за унапредување на образованието.

Зачлени се на нашиот е-билтен