Лидерот на десниот центар Фридрих Мерц и веројатниот следен канцелар на Германија, го повика актуелниот централно-левичарски канцелар на земјата, Олаф Шолц, драматично да го забрза времето на очекуваните предвремени избори по распадот на трипартиската владејачка коалиција во земјата, пишува Политико.
Говорејќи пред новинарите во германскиот парламент во четвртокот, Мерц побара од Шолц да повика гласање за доверба на владата во рок од неколку дена, со што ќе ги помести веројатните предвремени избори за втората половина на јануари.
Во изјавата по колапсот на коалицијата, Шолц предложи многу подолг временски рок, односно гласање за доверба на неговата влада да се одржи некаде во средината на јануари, проследено со предвремени избори на крајот на март.
Сепак, Мерц, тврди дека не може да се чека толку долго за да се формира нова влада со оглед на итноста на политичкиот момент во Германија и Европа.
„Има цела низа меѓународни обврски, конференции и одлуки во Европската Унија кои сега бараат германска федерална Влада која е способна да дејствува“. Едноставно не можеме да си дозволиме неколку месеци да имаме Влада без мнозинство во Германија – рече Мерц
Повикот на Мерц го зголемува притисокот врз Шолц, кој ја објави својата намера да води малцинска влада составена од неговата СПД и Зелените, со цел да се усвојат клучните закони, вклучително и буџетот за 2025 година, пред крајот на годината.
За усвојување на законодавството, сепак, на Шолц најверојатно ќе му треба поддршка од ЦДУ на Мерц. Но, Мерц, според луѓе запознаени со партиските размислувања, рече дека нема да поддржи никакво законодавство доколку Шолц не повика на гласање за доверба на владата во наредните денови.
Кристијан Линднер, министерот за финансии во заминување кој беше разрешен од Шолц во средата и лидер на фискално конзервативната Слободна демократска партија (ФДП) го повтори повикот на Мерц за итно гласање за доверба.
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Мерц и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), во моментов водат во анкетите со голема разлика, со поддршка од 32 отсто, и треба да ја предводат секоја идна коалициска влада.
Социјалдемократската партија (СПД) на Шолц, од друга страна, е на третото место со 16 отсто, веднаш зад екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).
За ЦДУ, брзите предвремени избори ќе и овозможат на партијата да профитира од релативно високото ниво на сегашна поддршка и да им даде многу помалку време на партиите што ја сочинуваат владејачката коалиција СПД, Зелените и ФДП да се обноват од урнатините на нивната падната влада. Шолц, од друга страна, сака време да се обиде да ја врати својата партија од речиси рекордно нискиот број на гласање.
Според „Политико“ Шолц најверојатно ќе се соочи со зголемен политички притисок да не го одложи неизбежното, особено додека Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата во САД во јануари. Претседателството на Трамп ќе доведе до период на голема нестабилност во Европската Унија, која се потпира на САД за нејзина одбрана. Многумина во Европа се плашат дека Трамп ќе предизвика трговска војна со воведување на високи царини, наведува магазинот.