Напаѓачот од супермаркет во САД ќе се соочи со обвиненија за тероризам

Човекот на возраст од 42 години кој со нож нападна 11 лица во супермаркет „Волмарт“ во американската сојузна држава Мичиген ќе се соочи со обвиненија за тероризам и обид за убиство, соопштија надлежните.

Нападот се случи во саботата во градот Траверс Сити, околу 400 километри северозападно од Детроит. Мотивот сѐ уште не е познат, рече шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Шеа.

Осомничениот, кој има полициско досие со претходни случаи на напад и поседување дрога, напаѓал со преклопен нож со сечило од 9 сантиметри. Тој бил совладан од присутни граѓани и потоа приведен.

Според болницата „Мансон Медикал Центар“, сите повредени ќе преживеат. Еден пациент веќе е пуштен на домашно лекување, додека двајца се во сериозна состојба.

Меѓу повредените има шест мажи и пет жени на возраст од 29 до 84 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен