Актерката Викторија Степановска Јанкуловска и актерот Никола Стефанов отпатуваа во Полска, каде во Бјалисток ќе ја одиграат претставата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ.
На интернационалниот фестивал кој е во тек, битолчани ќе настапат в недела каде пред тамошната публика ќе презентираат поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе кои пораснаа заглавени во транзиција, што е суштина на претставата „Кислород“.
Во подготовката на театарскиот производ освен актерите и режисерот, учествуваа Оливера Павловиќ преведувач, Марта Дојчиновска костимограф, изборот на музиката е на Александар Димовски, снимател Сашо Илковски, ведео ператор Владимир Переловски, а гостин на видеото е Марјан Наумов.