НАТО ја започнува годишната нуклеарна вежба „Стедфаст Нун“

Годишната нуклеарна вежба на НАТО Стедфаст Нун (Steadfast Noon) ќе започне в понеделник, 13 октомври, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата Марк Руте.

Тој истакна дека вежбата има цел да обезбеди сигурност, безбедност и ефективност на способностите на НАТО за нуклеарно одвраќање.

„Овие тренинзи испраќаат јасен сигнал до секој можен противник дека Алијансата има капацитет да ги заштити сите свои членки од која било закана“, нагласи Руте.

Од НАТО појаснија дека за време на вежбата нема да бидат користени вистински нуклеарни боеви глави.

Зачлени се на нашиот е-билтен