Еден компјутерски експерт ја изнесе својата визија за иднината на човештвото и влијанието што вештачката интелигенција (ВИ) би можела да го има врз нашите животи.
Како што минува времето, сè повеќе луѓе стануваат зависни од технологијата на ВИ, не само на работното место, туку и во секојдневниот живот. Многумина веќе се потпираат на телефони за вести, пораки, пристап до интернет и за комуникација. Сепак, напредокот на вештачката интелигенција носи олеснување, но и страв дека ќе изгубиме контрола врз многу аспекти од животот.
Латвискиот научник, д-р Роман Јамполоцки, има мрачно предвидување. Тој верува дека во следните пет години ВИ може да преземе дури 99% од работните места.
Во гостувањето во подкастот „Diary of a CEO“, тој зборуваше за професиите кои би можеле да останат резервирани за луѓето. Кога беше прашан дали и самиот подкастер е во опасност од замена, д-р Јамполоцки одговори дека големите јазични модели веќе можат да го имитираат неговиот стил и да поставуваат подобри прашања, додека визуелниот дел е „банален“.
Тој нагласи дека професиите кои бараат физичка работа или „светот на суперинтелигенцијата“ ќе бидат тие каде што луѓето може да имаат предност, но само ако нивните вештини се од вистинска потреба.
Пример даде и за сметководители кои работат за богати клиенти кои претпочитаат човечки контакт пред автоматизација, но тоа е само „мал дел од пазарот“.
Според него, во рок од две години, вештачката општа интелигенција (AGI) може целосно да се развие, носејќи „бесплатна работна сила“ која ќе заштеди трилиони долари, што ќе доведе до огромна автоматизација и масовна невработеност – дури и до 99%.
Сепак, д-р Јамполоцки предупреди дека постоењето на технологијата не значи дека таа веднаш ќе се имплементира насекаде, нагласувајќи дека иако видео-телефоните постоеја уште од 70-тите, масовна употреба добија дури со iPhone.
„Јас не сум загрижен, но вие сте“, заклучи научникот.