Навреме почна гласањето во Куманово, соопшти денеска претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска.
Право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места.
Претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири изјави дека гласањето е тековно. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26.362 гласачи кои гласаат на 36 места.
Навреме почна гласањето и во општина Старо Нагоричане изјави претседателот на ОИК, Старо Нагоричане, Марјан Даиловски. Според податоците на државната изборна комисија во оваа општина, право на глас, имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 изборни места.