Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

НБРМ ги намали проекциите за растот на домашната економија

Македонската економија годинава ќе испорача раст на Бруто домашниот производ за 2,3 отсто, прогнозира Народната Банка. Поголем оптимизам во проекциите имаат за следната година, кога се очекува растот да достигне 3,3 отсто.

Од Централната банка очекуваат инфлацијата годинава да се задржи на ниво од 3,5 отсто. Овие проекции гувернерката Анита Ангеловска Бежоска вели дека би биле остварливи замо доколку се спровеува фискалната стратегија на државата.

„Фискалната консолидација односно намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно и за стабилизирање на јавниот долг, затоа што еден од клучните фактори и параметри кој што ја движи патеката на јавниот долг е токму буџетскиот дедфицит.“ – Анита Ангеловска Бежоска гувернерка на Народната Банка.

Влиание врз македонската економија ќе имаат негативните случувања на нашиот најдобар бизнис партнер Геманија, вели гувернераката. Таа додава дека големата отвореност на македонската економија, а со тоа и големото учество на цените на храната и енергијата во нашиот инфлациски индекс, но и војните во Европа кои никако да завршат се главни ризици за нови турбуленции врз нивото на инфлација во земјава. Опасност од зголемување на инфлацијата може да предизвика и растот на платите во јавен сектор кој е најавен од страна на владата.

„Сите политики кои влијаат на агрегатната побарувачка секако може да влијаат на инфлацијата. Тоа нема дилема. Сите расположливи информации за буџетот за оваа и за  догодина ги вградуваме во нашето макроекономско сценарио.“ – Анита Ангеловска Бежоска гувернерка на Народната Банка.

Очекувањата на Народната банка се дека во 2026 и 2027 година економијата ќе почне да се стабилизира, а со тоа и ќе се подобрат инвестициските активности на приватниот сектор.

Зачлени се на нашиот е-билтен