Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српската полиција во Кина вежбаше како се разбиваат демонстрации

Во Гуангжу, главниот град на јужната кинеска провинција Гуангдонг се одржа завршната вежба на специјалните полициски единици на Србија и Кина, соопшти на 11 септември Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, на вежбата учествувале 13 српски и 47 кинески полицајци, на кои специјалните сили на двете земји со помош на службата ги демонстрирале вештините на снајперисти, претрес на возила и предмети во возилото, со помош на службени кучиња, лоцирање на криминалци и напаѓање.

Во текот на вежбата била прикажана акцијата на единицата за разбивање на демонстрациите и акција во случаи на нарушување на јавниот ред и мир.

Ова не е прва вежба на српски и кинески полицајци. Во 2019 година во терените на железарницата во Смедерево, сопственост на кинеската компанија ХБИС, се одржа вежба на Министерството за внатрешни работи на Србија и специјалните полициски единици на Министерството за јавна безбедност на Кина од провинцијата Хенан.

Двете земји имаат договор и за заеднички полициски патроли од 2019 година.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Србија, се наведува дека Дачиќ посетил полицајци од Србија кои заедно со кинеските колеги учествуваат во заеднички полициски патроли во Гуангжу.

Секретарот на Комитетот на Комунистичката партија на Кина на провинцијата Шандонг Лин Ву и претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ, Белград, Србија, 9 септември 2024 година.

Целта на заедничките патроли, како што е најавено, е да им дадат поддршка на полициските службеници на Министерството за јавна безбедност, во комуникација со српските државјани во НР Кина, „да им пружат помош на српските туристи и да создадат безбедна туристичка средина“.

Меморандумот за разбирање што го отвори патот за заеднички полициски патроли меѓу Србија и Кина беше потпишан во мај 2019 година, а заедничките патроли започнаа со работа во септември истата година. Во Србија, заеднички патроли се присутни во Белград, Нови Сад и Смедерево, градот каде што се наоѓа мнозинската железара во кинеска сопственост.

Според договорот од 2016 година, на кинеските државјани не им е потребна виза за да дојдат во Србија, истото важи и за српските државјани кои патуваат во Кина. Србија е единствената европска земја која има либерална визна политика со Кина.

Србија е исто така една од земјите на иницијативата „Појас и пат“ – кинески државен проект инициран од претседателот Си Џинпинг, со цел навлегување во таа земја на западниот пазар.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново