Повеќе од 3.000 пакистански државјани, главно студенти, се вратија дома од Киргистан во текот на изминатата недела по бранот напади врз странци во земјата, изјави пакистанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Ишак Дар.
Пакистан користеше специјални и комерцијални летови за време на викендот за да ги врати тие луѓе дома.
Враќање на Пакистанците со авион е најавени и за денеска, со што нивниот број ќе биде над 4.000.
Дар на прес-конференција рече дека „ситуацијата е под контрола“ во главниот град на Киргистан, Бишкек, и оти локалните власти апсат луѓе кои нападнале странци, вклучително и Пакистанци.
Дар додаде дека илјадници пакистански државјани работат и студираат во Киргистан и сакаат да се вратат дома.
Тој рече дека претходниот ден го посетил Бишкек, каде што се сретнал со високи владини претставници, како и со Пакистанци кои живеат таму. јт/
Фото: ЕПА – Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Пакистан Мохамад Исхак Дар и заменик-премиерот на Киргистан Едил Баисалов во посета на пакистански државјанин во болница во Бишкек, Киргистан, 21 мај 2024 година.