Нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година, посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска која вели дека финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат пролетен одмор за своите деца.
Ваков став имаат и повозрасните ученици.
„Оваа година пролетен распуст нема да има. Направивме легитимна анкета и граѓаните ги кажаа своите потреби“, кажа Јаневска, која додаде дека учебната година ќе започне на 2-ри септември, понеделник.
На прашање дали се разгледува друга можност за краток одмор, Јаневска истакна дека нема такво нешто во моментов.
Претходната учебна година, основците и средните училишта од 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст.