Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема да има учебници од септември, немале волшебно стапче за да го исполнат ветувањето

ВМРО-ДПМНЕ се правда дека дека не може да го исполни предизборното ветување со кое тврдеше дека учебници од септември ќе има.

Министерката Јаневска изјави дека дури и да имале волшебно стапче нема да можат да обезбедат учебници во септември. Прашање е каде е сега волшебното стапче со кое даваа ветувања во камапњата дека до септември ќе направат сѐ за да има учебници.

Имено, Мицкоски на митинг во Куманово пред нешто повеќе од еден месец порача дека ќе се реши проблемот и учебници ќе има за секој ученик.

„Ќе дадеме сѐ од себе во однос на учебниците, да не се случи во 2024/2025 да нема учебници. Тоа е мојата порака до граѓаните“ – рече Мицкоски во Куманово на дебатата „Образовна платформа за иднина“, каде учествуваше и Весна Јаневска, тогаш претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега министерката ретерира и очигледно учениците повторно ќе останат без учебници, иако и таа самата пред еден месец, три недели после победата на изборите, кога беше на поставување на камен темелник на основно училиште во Драчево, изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември. 

 -Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, рече тогаш Јаневска. 

На истиот настан присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

Се сеќаваме дека Јаневска претходно истакнуваше дека министер што не може да обезбеди средства за печатење на учебници треба да си даде оставка.

Зачлени се на нашиот е-билтен