„Нема да нè снема“: Масовна посетеност и силни пораки на Осмомартовскиот марш

Под мотото „Нема да не снема“ илјадници жени денеска маршираа по повод Меѓународниот ден на жената.

Маршот започна со минута молк за сите загинати жени во изминатиот период, затоа што системот не успеал да ги заштити.

„Треба да им се извините на сите жени кои живеат во постојан стра и стрес, бидејќи поради вашата негрижаникаде не сме безбедни ниту дома, ниту по улици,ниту по институции, а најмалку во полициски станици” рече една од учесничките во маршот.

Со транспаренти „Ниту еда повеќе“ „Крвави рози за вас мадам“ „Овој наш гнев нема да помине“ учесниците маршот го завршија во кон Градскиот парк, на постаментот каде стоеше бистата на Вера Јоциќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен