Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема договор за претседател на бугарското собрание, ќе има нов обид во среда

Лидерите на политичките групи во 51. Народно собрание на Бугарија не постигнаа консензус за изборот на претседател на Собранието, јави БГНЕС.

Предлогот најстариот пратеник привремено да ја преземе функцијата, кој дојде од Има такон народ, денеска не наиде на поддршка од свиканиот совет. Јошко Јорданов го предложи Силви Кирилов од формацијата како компромисно решение да раководи со парламентот, откако ниту еден од претходно предложените кандидати не наиде на поддршка.

Седницата на Народното собрание продолжува во среда, на 13 ноември, во 11:00 часот.

Изборот на претседател на парламентот е важен затоа што, тој ќе може да ја започне процедурата за предавање мандат на победничката коалиција од изборите на 27 октомври ГЕРБ-СДС.

Зачлени се на нашиот е-билтен