Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема консензус во Советот за безбедност за прием на Палестина за полноправна членка на ОН

Членките на Советот за безбедност на ОН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност, пренесе Бета.

-Немаше консензус за прием на палестинска држава, рече Ванеса Фрејзиер по состанокот зад затворени врати.

Сепак, недостатокот на консензус не ја спречува земјата-членка да го поднесе прашањето до Советот за безбедност на гласање.

Советот за безбедност на ОН одлучи да одговори на барањето на Палестина за полноправно членство во Обединетите нации до крајот на април, изјави претходно Фрејзер, што палестинските власти го опишаа како „историско“, а Израел остро го осуди.

Во септември 2011 година, претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестина минатата недела го ажурираше своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН, укажувајќи на израелската офанзива во Газа, а ова тело од понеделникот почна процес на разгледување на барањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен