Нема нова пречистителна станица во Охрид, уште едно нереализирано ветување, граѓаните се излажани од градоначалникот Пецаков (ВИДЕО)

Денес сме тука да ги потсетиме трпејчани и охриѓани на едно нереализирано ветување кое актуелниот градоначалник Кирил Пецаков го даде пред скоро четири години: изградба на пречистителна станица

Па се прашуваме:

Дали вие локални шерифи имате барем еден капитален проект кој е ваш резултат – замислен, започнат и завршен во вашиот мандат?

Или целата стратегија ви беше маркетинг, обвинувања, и користење на туѓи успеси за личен рејтинг?

Граѓаните на Охрид заслужуваат одговорна и визионерска власт. Не власт која на крај од мандатот почнува да „симулира активност“.

Зачлени се на нашиот е-билтен