Нема повеќе ограничувања: Истече меѓународниот договор за нуклеарна програма на Иран

Спогодбата, потпишана во 2015 година од Иран, Франција, Велика Британија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Кина,

Иран објави дека повеќе не е обврзан со ограничувања на својата нуклеарна програма откако истече меѓународниот договор што ја регулира таа програма, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Отсега натаму, „сите одредби (од договорот), вклучувајќи ги ограничувањата предвидени за нуклеарната програма на Иран и поврзаните механизми, се сметаат за завршени“, се вели во соопштението.

Спогодбата, потпишана во 2015 година од Иран, Франција, Велика Британија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Кина, требаше да ги регулира нуклеарните активности на Иран во замена за укинување на санкциите на Обединетите нации (ОН).

Текстот беше ратификуван од ОН пред 10 години денес, со резолуцијата 2231.

Многу западни земји и Израел се сомневаат дека Иран тајно развива нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека останува цврсто посветен на дипломатијата.

Спогодбата од 2015 година го ограничи збогатувањето на ураниум на Иран на 3,67 проценти и предвиде строг надзор врз неговите нуклеарни активности од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарниот надзорник на ОН.

Во 2018 година, Вашингтон се повлече од договорот и повторно воведе санкции против Иран, на што Техеран, како чин на одмазда, се откажа од некои од обврските од договорот.

Според МААЕ, Иран е единствената земја без нуклеарно оружје што збогатува ураниум до високо ниво од 60 проценти и е блиску до техничкиот праг од 90 проценти потребен за производство на атомска бомба.

Техеран, исто така, ја суспендираше целата соработка со МААЕ во јули оваа година, по 12-дневната војна со Израел, чија војска ги нападна нуклеарните постројки на Иран.

Зачлени се на нашиот е-билтен