Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема ризик за посетителите на Зоолошка ако не биле во контакт со заболените птици

Четворица од вкупно 15 вработени во скопската Зоолошка градина( ЗОО) ќе бидат ставени под здравствен надзор, изјави директорката на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ), Марија Андоновска, откако на 20 октомври беше потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Зоолошката градина.

Кај еден вработен во ЗОО, кој пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

Според Андоновска, тоа не значи дека лицето има птичји грип и исто така ќе биде тестирано и дека ема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина, доколку немале директен контакт со птиците заболени од вирусот.

Зоолошката градина 21 ден ќе биде затворена за посетители, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство. ​

Последните случаеви на птичји грип во Северна Македонија беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, местото Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош.

Вирусот може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

Зачлени се на нашиот е-билтен