Нема струја во Скопје до 16 часот: исклучувања во Центар и Карпош

воздух
Фото: Рацин.мк

Делови од општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Исклучувањето ги опфаќа корисниците на улиците „Мирослав Крлежа“, „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“.

Прекин на електричната енергија е најавен и во општина Карпош, каде дел од корисниците на улицата „Миле Поп Јорданов“, во околината на хотел „Гранит“, ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен