Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема услови за дополнителен час дневна евтина тарифа за струјата


Не се создадени услови за дополнителен час евтина дневна тарифа за електричната енергија, соопшти денесе претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес конференција во Скопје. Тој образложи дека РКЕ не се откажува од оваа намера, но за сега поради состојбите на пазарот, доколку се воведе еден час попвеќе евтина дневна тарифа, тоа би значело укинување на евтината тарифа од 22 до 24 часот навечер.

Бислимоски, одговарајќи на прашања на новинарите, рече дека анализите се завршени, и тие покажале деак услови за воведување евтина тарифа според податоците за 2021, 2022 и 2023 година немало, кога започнала и пенетрацијата на фотоволтаиците.

„Она што е јасно како тренд во првите девет месеци од годинава е дека најниски цени во текот на денот има во периодот од 12 до 16 часот, кога на берзата Хупекс се под 50 евра за мегават час. Значи, во овој период постојат услови не за плус еден, туку за уште еден дополнителен час евтина дневна тарифа“, рече Бислимоски.

Но, како што нагласи, кога се разговарало за воведување на дополнителен час евтина тарифа било посочено дека треба да се преслика она што се случува на пазарот.

„За жал, на пазарот од 20 часот до 24 часот цените на електричната енергија се убедливо високи во однос на другите периоди кога имаме и евтина тарифа и скапа тарифа. Така, доколку би го следеле пазарот, тогаш воведување на евтина тарифа би било од 12 до 16 часот, но евтината тарифа од 22 часот до 24 часот, кога има реално високи цени, ќе треба да ја укинеме“, рече Бислимоски, додавајќи дека поради долгата традиција кај потрошувачите да ја користат евтинаат атрифа токму во овој период од денот, тоа не би било популарна мерка.

Тој ова го образложи со ударот кој годинава се случи со цените во регионот, односно несразмерното зголемување на цените на електричната енергија поради надворешни фактори, како што е исклучувањето на нуклерака во Романија поради екстремно топлото време, и поради „запушеноста“ на прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија што влијае и врз цената за мегават час.

Сепак, како што рече, РКЕ не се откажува од оваа мерка.

„Ние како Регулаторна комисија за енергетика нема да се откажеме од воведувањето на дополнителна евтината дневна тарифа. Ќе ги следуиме случувањата. Но, како што кажував и до сега, со воведувањето не сакаме да предизвикаме дополнителни финансиски проблеми кај енергетските компании кои имаа тежок период изминатите години, пред се во ЕСМ, затоа што таа евтина тарифа во тие периоди ќе се зголемува потрошувачќката и ќе треба да се надомести“, рече Бислимоски.

Тој додаде дека во изминатите десетина дена одржале неколку состаноци со ЕСМ и со ЕВН хоум при што од нивна страна немало забелешки, односно и тие кога ќе се оствари реална можност да се имплементира дополнителен час на евтина тарифа.

„Заеднички заклучивме дека ќе ја следиме ситуацијата имајќи во предвид дека има сериозни навестувања и за зголемувања на цените на електричната енергија на берзите особено од јануари“, рече Бислимоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен