Никола Јокиќ одигра брилијатна партија со која го предводеше Денвер Нагетс до победа од 142-138 над Минесота Тимбервулфс по неверојатно продолжение.
Српскиот центар не само што оствари фантасичен трипл-дабл, туку постави и нов НБА рекорд по бројот на поени постигнати во едно продолжение.
Јокиќ на крајот од мечот запиша 56 поени, со 15 скокови и 16 асистенции и постави нов рекорд во НБА лигата.
Со тоа стана прв кошаркар кој постигнал 55 поени со по 15 и повеќе скокови и асистенции.