Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел „постапил против Хезболах на начин што не можеле ни да замислат“.
„Ако припадниците на Хезболах не ја разбрале пораката, ви ветувам, ќе ја сфатат“, рече Нетанјаху и повтори дека жителите на северен Израел ќе се вратат во своите домови откако ќе бидат евакуирани поради заканите на Хезболах од Либан.
Нетанјаху додаде дека ниту една земја не смее да толерира напади врз нејзините градови и дека Израел ќе направи се за повторно да воспостави безбедна средина.